Бонавентура признава: Бонучи е фантастичен фудбалер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Фудбалерот на Милан од средината на теренот, Бонавентура трансферот на Бонучи го поздрави и рече дека е фантастичен потег, а притоа призна: „Навистина не мислев дека ќе дојде“.

Росоњерите го потпишаа дефанзивецот на Јувентус за 42милиони евра, трансфер кој гласно одекна во Италија, бидејќи Бонучи со Јуве успеа да освои шест скудета.

„Се што можам да кажам е дека ова е лудо лето, не се сеќавам на такво досега“. изјави Бонавентура за Газета спорт.

„Лео е победник, лидер во националниот тим и неговото пристигнување е фантастична работа. Дали ќе биде капитен? Не знам тоа е работа на тренерот, но ако ја добие траката верувам дека ќе биде одличен лидер. – заврши фудбалерот.