Време е за Вардар, неполн час до почетокот на дуелот против Малме


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Уште неполн час до почетокот на реванш натпреварот од второто квалификациско коло од Лигата на Шампионите, каде нашиот шампион ќе се сретне со шведскиот, тимот на Малме.

Одлично одиграниот прв натпревар на избраниците на Гоце Седлоски е зад нас, денес тие мора да покажат дека го заслужија ремито од 1-1 на гостински терен против шведскиот шампион.

Шведските медиуми се жалеа до УЕФА за стадионот во Струмица,но според сликите теренот и не е така лош и може да нагости дуел од квалификациите за Лигата на Шампионите.

Натпреварот ќе се емитува со директен пренос на ТВ Нова од 18:00 часот.