Објавени составите: Вардар со само една замена во составот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За околу 40тина минути започнува реванш натпреварот од второто квалификациско коло од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на Вардар и Малме.

Тренерот на вардарци со проверени сили ќе се обиде да избори пласман во третото коло, а во составот ќе има само една замена во однос на тимот кој истрча во Шведска. На местото на младиот Исени сега во игра е искусниот Никола Глигоров.

Во редовите на Малме пак се враќа нивното најзвучно име,  Маркус Розенберг. Во однос на составот од првиот натпревар, од првата минута во Струмица ќе истрча и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Кардиф, Магнус Волф Еикрем.