Лајпциг одбил богата понуда за Кеита


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Ред Бул Лајпциг одбиле понуда вредна 66 милиони фунти од неименуван клуб за услугите на Наби Кеита.

Интернационалецот од Гвинеа е силно поврзуван со Ливерпул, но од Лајпциг не сакаат да го пуштат по секоја цена.

„Не продаваме играчи кои се уште се под договор само за да заработиме пари. Добивме понуда од 75 милиони евра за Наби Кеита. Нема Шанси! Тој се уште е под договор и ќе го испочитува“- коментираше сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц.

„Скај Спортс“ пак пренесува дека Ливерпул оваа недела ќе испрати и трета подобра понуда за услугите на играчот од средниот ред.