Мората утре на прегледи во Лондон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси и Реал Мадрид се договориле за сумата која „сините“ треба да ја платат за напаѓачот Алваро Мората.

Шпанскиот репрезентативец се уште не ги има договорено личните услови со Челси. Се очекува тој утре да пристигне во Лондон каде ќе преговара за неговите примања, а доколку падне договор, што е многу веројатно, веднаш ќе замине на медицински прегледи во базата на Челси.

Претходно Мората беше пред трансфер во Манчестер Јунајтед, меѓутоа до реализација на тој трансфер не дојде поради несогласувањето помеѓу „Ѓаволите“ и „Кралевите“ за вкупната сума која требаше да се  плати за играчот.