Жозе не жали за Мората


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед беше многу блиску до трансфер на Алваро Мората но во последен момент се откажа од намерата да потпише договор со Шпанецот бидејќи од таборот на Реал Мадрид бараа превисока оштета за него.

Наместо Мората на „Олд Трафорд“ пристигна Ромелу Лукаку, а следна дестинација на репрезентативецот на Шпанија веројатно ќе биде „Стемфорд Бриџ“.

По ваквиот развој на настаните се огласи Жозе Мурињо кој истакна дека не жали за тоа што не го потпишал Мората

„Не сум заинтересиран што прави Челси. Ние донесовме одличен фудбалер. Неговиот развој е многу, многу добар, па сметаме дека сега имаме играч кој е меѓу најдобрите во Европа.  Мислам дека беше очигледно Челси да донесе напаѓач, посебно по ситуацијата со нивниот менаџер и Диего Коста“- коментираше Мурињо.