Милан загриза за Белоти


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од редовите на Милан се во перманентни преговори со Торино за трансферот на Андреа Белоти.

Росоњерите сега со сите сили ќе тргнат кон Италијанецот откако им пропаднаа шансите во своите редови да ги донесат Алваро Мората и Пјер Емерик Обамејанг.

Белоти има 88 милиони фунти откупна клаузула, но таа е само за странските клубови.

Милан на Торино ќе им понуди 35 милиони фунти плус Мбаје Нианг и Габриел Палета за услугите на голгетерот, но од Торино бараат 53 милиони плус Нианг, Палета и Локатели.

Дали ќе дојде до реализација на трансферот останува да видиме.