Шкендија се пласираше во третото коло во квалификациите од ЛЕ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Шкендија се пласираа во третото коло од квалификациите на Лигата на Европа откако одигра без победник 1:1 нагостувањето против Хелсинки и со вкупни 4:2 обезбеди уште минимум два европски натпревари.

Домашниот тим на Хелсинки прв дојде до водство откако Марјан Радески си постигна несреќен автогол во 28 минута од натпреварот.

Хелсинки ја диктираше играта во поголемиот дел од првиот дел и на стартот на второто полувреме. Сепак, во 70. минута следуваше студен туш за домашните навивачи откако Иван Челиковиќ со одличен удар го совлада Дане и го доближи тимот на Шкендија до третото коло.

Хелсинки не можеше да се опорави од тој шок и до крајот на натпреварот не создаде посериозна шанса да го совлада Захов.

Тетовчани во следното коло ќе играат против тимот на Тракаи кој го изненади шведскиот претставник Норчепинг откако на денешниот реванш натпревар славеше по изведувањето на пеналите.