Вардар против Нафт-О-Гашаран на Супер Глоуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар како шампион на Европа доби право да учествува на силниот турнир Супер Глоуб кој се одржува во Катар.

„Црвено црните“ за противник во ¼ финалето ќе го имаат тимот на Нафт-О-Гашаран од Иран, а натпреварот е закажан за 25 август.

Покрај Вардар, претставници на стариот континент ќе бидат и Барселона и Фуксе Берлин. Токму Барселона ќе биде можен противник на вардарци во ½ финалето од турнирот во Катар.

Двојки за четврт-финале на Супер Глоуб
25 август 2017
12 часот: Барселона – Есперанца (број 4)
14 часот: Вардар – Нафт-О-Гашаран (број 3)
16 часот: Фуксе Берлин – Пињеирос (број 2)
18 часот: Ал Сад – Сиднеј (број 1)

26 август
12 часот: Поразен број 3 – Поразен број 4
14 часот: Поразен број 1 – Поразен број 2
16 часот: Победник број 3 – Победник број 4 (полуфинале 2)
18 часот: Победник број 1 – Победник број 2 (полуфинале 1)