Соиграчите го молат Нејмар да остане


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Информација која деновиве ги мачи сите фанови на Барселона е наводното заминување на Нејмар, кога одекна веста за негов можен премин во ПСЖ, сите мислеа дека оваа е некаква новинарска патка, но по се изгледа не е така.

Наводно фудбалерите на Барселона кои заедно со Нејмар се на Американска турнеја, се обидуваат на сите начини да го убедат бразилецот да остане во Барса.

Иако Нејмар во ситуацијата е максимално професионален и за новинарите не открива ништо, со секој изминат ден шпеклуациите се погласни и погласни, а таму кај што има чад има и оган.

Иако неговите соиграчи, што на социјалните мрежи, што на тренинзите се обидуваат да го убедат Нејмар да остане, бидејќи тој заедно со Меси и Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на планетата, тие јавно му соопштиле дека не сакаат тој да ги напушти и да замине во Париз.

Како што пренесува Марка, дури и лекарите на клубот се потрудиле да го убедат Нејмар, но по се изгледа бразилецот има одлучено и планира кариерата да ја продолжи во ПСЖ.