Којашевиќ и Вардар со демант, Црногорецот останува „црвено-црн“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Експресен демант стигна од таборот на Вардар и од самиот фудбалер Дамир Којашевиќ по шпекулациите кои го поврзуваа со наводен трансфер во редовите на Сараево.

Којашевиќ во изјава за клупскиот сајт истакна дека нема никаква вистина во написите за неговото заминување и дека е целосно фокусиран на натпреварот кој Вардар ќе го игра против Копехнаген.

„Не знам од каде им е на медиумите информацијата дека ќе си одам од Вардар. Јас засега не размислувам на заминување од Вардар, и имам важечки договор со клубот. Сега не сум фокусиран на ништо друго, туку само на настапите на тимот во Лигата на шампионите и натпреварот кој следува против Копенхаген. Целосно ги отфрлам овие шпекулации дека ќе го напуштам Вардар“- истакна Којашевиќ, а пренесе официјалниот веб сајт на ФК Вардар.