Недостатоците за Супер купот отстранети


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите недостатоци кои УЕФА ги нотираше се отстранети и Супер купот ќе може непречено да се одржи во август во нашиот главен град.

Оваа информација ја потврди секретарот на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски кој на својот фејсбук профил напиша:  „Сите недостатоци кои беа нотирани од страна на УЕФА на Телеком арената во Скопје се отстранети. Супер купот може непречено да се одржи. УЕФА доаѓа во контрола во понеделник. На нас останува да се покажеме како гостопримливи домаќини“.

УЕФА пред околу еден месец испрати писмо до Владата во кое беа наведени низа забелешки и недостатоци на фудбалската арена кои мора да се отстранат за стадионот целосно да биде подготвен за спектаклот на 8 август.