Италијанските медиуми: Бернардески е играч на Јувентус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Крилото на Фиорентина, Федерико Бернардески ќе му се приклучи на Јувентус за 40 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми денеска.

Деновиве 23-ри годишниот играч ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише пет годишен договор со клубот, а трансферот најверојатно ќе биде претставен во понеделник, велат изворите од италија.

Бернардески имаше одлична сезона во дресот на Фиорентина и беше главна ѕвезда на Италијанската репрезентација на Европското првенство за малди фудбалери во Полска оваа година.

Тој и Даглас Коста ќе бидат крилните играчи на Јуве за новата сезона, наведува весникот Тутоспорт.