Менди пред промоција во Манчестер Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако Манчестер Сити ги комплетира трансферите на Кајл Вокер и Данило, трансферот на уште еден бек е блиску до реализација.

„Скај Спортс“ дознава дека Бенџамин Менди ќе биде ново засилување на Манчестер Сити, а сумата која „Граѓаните“ ќе ја платат на Монако е околу 51 милиони фунти.

Доколку левиот бек потпише за тимот на Гвардиола ќе стане најскапиот дефанзивец во светот, а клубот од синиот дел од Манчестер ќе ја надмине сумата од 200 милиони фунти потрошени на трансфери ова лето.