Велкоски погоди на официјалното деби за Сараево


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец, Крсте Велкоски погоди во првото коло од босанската најсилна лига во поразот на неговиот тим на домашен терен од тимот на Зрински.

Крсте Велкоски погоди во 45. минута од натпреварот откако беше прецизен од удар од белата точка.

Со овој пораз босанскиот тим го продолжи негативниот скор во последните неколку натпревари. Сараево  неодамна забележа изненадувачка елиминација од Зариа Балти од Молдавија.