Вардар со информации за фановите кои ќе го следат мечот со Копенхаген


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од таборот на Вардар испратија соопштение со информации за оние кои планираат да го проследат во живо натпреварот против Копенхаген на „Телеком Арената“.

Натпреварот од страна на УЕФА е прогласен за меч од висок ризик,и затоа се замолуваат сите фанови да дојдат порано на стадион за да се избегнат поголеми гужви. Вратите на националната арена ќе бидат отворени од 18 часот, а по барање на УЕФА ќе бидат затворени во 19:30 часот.

Од Вардар исто така апелираат на фер и коректно навивање без никакви навреди и национализам.

Билетарницата на „Телеком Арената“ ќе работи во понеделник и вторник од 12 до 19 часот.