Македонија славеше против Бразил, во осминафиналето против Алжир


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младата репрезентација на Македонија запиша победа од 28:23 против соодветната селекција на Бразил и со тоа си го чекира пласманот во осминафиналето.

Нашите репрезентативци мораше да победат против Бразилците за да завршат како второпласирани во групната фаза и со тоа да добијат релативно полесен противник во осминафиналето.

Македонија вкрстува со репрезентациите во групата Д каде се е решено. Следен противник на нашите ќе биде домашната селекција на Алжир.

Избраниците на Темелковски имаа одлично прво полувреме кое го добија со 14:11. Репрезентативците со одлична игра во одбраната и смирен напад донесоа значајна предност пред стартот на вториот дел.

И во второто полувреме игравме убав ракомет, се до последните петнаесетина минути од натпреварот кога им дозволивме на Бразилците комплетно да се вратат во игра. Сепак, до крајот се созедовме, па по двете убави одбрани на голманот Данаиловски ја презедовме предноста и го однесовме натпреварот во мирна завршница.