Арсен Венгер открива како Жиру реагирал на трансферот на Лаказет


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

 

 

Тренерот на Арсенал, откри дека францускиот напаѓач , Оливие Жиру го прифатил трансферот на Лаказет како предизвик, а не како што пренесуваат медиуимите дека тој по неговиот трансфер сакал да замине од Лондонскиот клуб.

Жиру минатата сезона не уживаше многу доверба од Арсен Венгер, најчесто велгуваше од клупата за резерви, го менуваше најчесто Алексис Санчез кој делуваше како најистурен играч.

Борбата за стартно место во Арсенал, е многу посилна сега со потпишувањето на Лаказет, отколку минатата сезона.

„Тој е борец, вие го знаете тоа. Ми се допаѓа начинот на кој што реагираше по доаѓањето на Лаказет. Моментално тој е фокусиран на својата игра и го покажа тоа на пред-сезонската турнеја.“ – заврши Арсен Венгер.