Големо дерби уште во првото коло од ПМФЛ (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес во „Куќата на фудбалот“ беше извршена ждрепка по која беше познат распоредот за есенскиот дел од Првата Македонска фудбалска лига.

Ждрепката за натпреварите во новата сезона од ПМФЛ одлучи уште во првото коло да го видиме двобојот на најскапите екипи во нашиот шампионат, Вардар и Шкендија.

Тетовскиот тим ќе биде домаќин на Вардар на 13. август, а во првото коло ќе го видиме и пелагониското дерби меѓу Победа и Пелистер.

Новите прволигаши Академија Пандев и Скопје ќе играат против Шкупи односно Силекс.