Видео:Убава победа, Вардар со предност патува во Данска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар успеа да слави на првиот натпревар од третото квалификациско коло во рамките на Лигата на шампионите против екипата на Копенхаген.

Вардарци со минимални 1:0 славеа на „Телеком Арената“ а стрелец на единствениот погодок беше Џонатан Боарето во 65. минута од натпреварот.

„Црвено црните“ беа подобар противник во текот на целиот натпревар а играч кој се истакна во таборот на Вардар беше токму стрелецот на голот Боарето. Бразилецот имаше две одлични шанси пред да го постигне погодокот со фантастичен волеј удар. Пред крајот на натпреварот имаше супер пробив по десната страна го проигра црногорскиот репрезентативец Којашевиќ кој беше во изгледна ситуација но биеше млако и не успеа да го совлада гостинскиот голман.

Заслужен за победата на Вардар е и голманот Гачевски кој пред крајот имаше неколку одлични интервенции. Посебно забележителна беше онаа во 92 минута кога го одбрани ударот на Томсен.

Реванш натпреварот во Данска на програмата е на 2. август.