Не можеше поинаку, Ѓоковиќ објави пауза до крајот на сезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на специјална прес конференција се обрати на јавноста и објави дека ќе направи пауза од тенисот до крајот на сезоната.

Некогашниот тенисер број еден веќе некое време се наоѓа во голем пад на формата, а една од причините за таквото нешто е и повредата на лактото.

„По бројни консултации донесов одлука да паузирам до крајот на сезоната и нема да играм до крајот на 2017. Оваа повреда ја влечам веќе една и пол година, а ескалираше во последниот месец и половина. Тоа беше знак дека мора да донесам одлука која е радикална, посебно за мене, зошто до сега немам паузирано повеќе од месец дена“- истакна Ѓоковиќ на почетокот на прес конференцијата.

Ѓоковиќ исто така изјави дека ова е нова ситуација за него но дека има време да заздрави и целосно да ја унапреди играта.

„Не е лесно да се донесе ваква одлука и да се пропушти за прв пат шест месеци на АТП турнејата. Ова е нова ситуација за мене. Ова е ново искуство за мене, но гледам на поведрите работи- пред мене имам време за целосно да заздравам, но и да ја унапредам играта. Андре Агаси ќе биде крај мене и сега и на почетокот на следната сезона. Едвај чекам да почнеме да работиме за наредната сезона да се вратам уште посилен“- заврши најдобриот српски тенисер во историјата на овој спорт.