Блажевски: Заслужено победивме, во Данска ќе играме офанзивно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден ден по големата победа на Вардар над дански Копенхаген полека се средуваат емоциите и веќе се планира како ќе се пристапи на играта на гостувањето во Данска.

Дејан Блажевски, еден од најдобрите играчи на Вардар во изјава дадена за клупскиот сајт истакнува дека Вардар заслужено победи и дека во Данска нема да одат да се бранат, туку напротив ќе играат офанзивно.

„Ни се оствари желбата да дојдеме до победа, па макар и минимална. Бевме подобри од противникот и сосема заслужено победивме. Сакавме да не примиме гол, и успеавме во тоа, а сега и со триумф одиме на реваншот во Данска. Нашата цел е да поминеме понатаму. Сигурно дека ќе играме офанзивно, и нема да се браниме. Сакаме и таму да постигнеме гол. Не чека тежок реванш меч. Ќе има таму преку 30.000 гледачи кои ќе бидат на страната на домашните. Но, кога можевме да издржиме и да одиграме нерешено и против Малме, тогаш можеме и со Копенхаген. Ќе покажеме дека знаеме да играме фудбал и дека сето ова не е случајно, туку плод на напорна работа и на искуство со играње во Европа“- коментираше Блажевски.

Популарниот Шиле исто така упати голема благодарност до фановите на Вардар кои според него имале голем удел во победата на „црвено црните“.

“Благодарност до публиката за одличната атмосфера на трибините. И таа имаше свој придонес за оваа победа. Ни дадоа поддршка, не бодреа беа нашиот 12-ти играч“- заврши деветката на Вардар.