Шкендија поразена од Тракаи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Шкендија забележа минимален пораз од 2:1 на гостувањето во Литванија кај Тракаи.

Избраниците на Ќатип Османи лошо го започнаа натпреварот и веќе во 45 секунда имаа негатива од 1:0 откако Захов лошо реагираше, а на одбиената топка налета Максимов и ја смести во мрежата на тетовци.

Стенио Жуниор во 39. минута успеа да го израмни резултатот откако по одличното подавање од Хасани го помина голманот и без поголем проблем стигна до реализација.

Сепак домаќините повторно преку Максимов во 52. минута стигна до ново водство. Веднаш потоа следуваше и директен црвен картон за Жуниор во 57. минута, а само пет минути подоцна исклучен беше и Цуцули.

Сепак Шкендија издржа да не прими гол до крај и со активен резултат се враќа во Македонија.