Вечер на големи изненадувања, Македонците се радуваа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Големи изненадувања имаше во првите натпревари од третото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Тимот за кој настапуваат нашите повремени репрезентативци, Милован Петровиќ и Музафер Ејупи, Осијек, забележа голема победа на гостувањето во Холандија против ПСВ. Хрватите славеа минимално со 0:1, а стрелец на единствениот погодок беше Баришиќ од пенал. Сите 90 минути за Осијек ги одигра Ејупи, додека Петровиќ не беше во протоколот за овој натпревар.

Тимот на Судува пак, во кој настапува Марјан Алтипармаковски со високи 3:0 го совлада фаворизираниот Сион. Стрелци на головите за литванскиот претставник беа Фереира (аг), Јанусаускас и Лаукземис. Поранешниот напаѓач на Пелистер и Работнички одигра 13 минути на овој натпревар.

Даниел Мојсов и Иван Тричковски ја оправдаа фаворитската улога против тимот кој го елиминира Работнички, Динамо Минск. Кипарскиот претставник на првиот натпревар победи со 2:0, а нашите репрезентативци го одиграа целиот меч.