Франција пресилна, нашите надежи ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија претрпе убедлив пораз од фаворизираната селекција на Франција со 33:17.

Избраниците на Иле Темелковски се држеа само во првите петнаесетина минути, а потоа Французите ја зедоа играта во свои раце и од напад во напад ја зголемуваа предноста.

Одлична вечер имаше францускиот голман Жулиен Мејер кој бранеше се што се упати кон неговиот гол.

Нашите репрезентативци утре ги чека одмор, а во сабота во 12:30 часот ќе играат со поразениот од натпреварот Данска-Русија, а во зависност од тој натпревар ќе се знае противникот за во недела и дали нашите момци ќе играат за петтото или седмото место.