Криштопанс: Ќе дадам се од себе достојно да го заменам Душебаев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Даинис Криштопанс е единствено интернационално засилување за Вардар оваа сезона.

Репрезентативецот на Летонија веќе е во Скопје, а вчера го имаше и првиот тренинг со новите соиграчи во пресрет на новата сезона.

Летонскиот џин смета дека нема да има проблеми да се вклопи и да се адаптира на играта на тимот на Вардар.

Сe уште е рано било што да кажам. Ова е само прв тренинг на кој имавме трчање. Немаме уште тактика, но верувам дека и тука ќе успеам брзо да се вклопам во она што од мене ќе го бара тимот и тренерот. Има време за се, а знам дека треба само да работам многу“- изјави Криштопанс за  официјалниот веб сајт на РК Вардар.

Даинис Криштопанс исто така истакна дека имал многу понуди на маса, но дека сметал дека токму РК Вардар ќе биде идеалното решение за него. Летонецот е донесен како замена за Душебаев кој  нов ракометар на Киелце, а тој вели дека само тренерот знае дали може да биде достојна замена за Шпанецот.

Имав и други понуди, но сметав дека Вардар е најдоброто решение за мене. Кога дојдов во Брест тимот растеше, но решив да одам понатаму. И од она што го видов сигурно не сум згрешил во изборот. Од друга страна ова е европски првак, и сега сите ќе сакаат да не победат, да играат добро, а и ние ќе играме на повисоко ниво. Самата организација во клубот е многу подобра, на повисоко ниво, а клубот има и поголеми амбиции, а тоа се совпаѓа со она што и јас го сакам.  Сите ме прашуваат околу ова. Колку ќе можам да го заменам Душебаев, тоа знае само тренерот, но јас ќе дадам се од себе, за да го заменам достојно. Очекувам да играм и во одбрана и во напад, и да победувам со Вардар, затоа и дојдов тука“ –заврши  Криштопанс.

Тимот на Вардар оваа недела ќе тренира во Скопје, а потоа ќе замине за Словенија. Од Словенија летаат во Германија каде ќе играат три контролни средби, а потоа следи и Супер Глоуб турнирот во Доха.