Започнува трофеј турата низ Македонија со највредните фудбалски трофеи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалските фанови ширум нашата земја ќе имаат ретка можност да се фотографираат со највредните фудбалски трофеи, од Лигата на Шампионите, Лигата на Европа како и Супер Купот.

Оваа тура ја организира Фудбалската Федерација на Македонија во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на нашата држава, финалето од Супер Купот каде ќе се сретнат гигантите, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Во продолжение агендата на трофеј турата:

На 1. август трите трофеи ќе бидат изложени во Тетово од 09.00 до 11.00 часот, а истиот ден можност да се фотографираат со пехарите од Лига на Шампиони, Европската лига и Супер Куп на УЕФА ќе имаат граѓаните на Охрид, како и туристите кои ќе бидат во посета на градот.

На 2. август, големиот македонски празник Илинден, трофеите ќе бидат во Битола од 10.00 до 12.00 часот и во Прилеп од 18.00 до 20.00 часот.

На 3. август во Неготино од 10.00 до 12.00 часот и во Струмица од 18.00 до 20.00 часот.

На 4. август во Штип од 10.00 до 12.00 часот и во Куманово од 18.00 до 20.00 часот.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје, големите трофеи на УЕФА ќе бидат изложени на 7. (11.00 до 19.00) и 8. август од 11.00 до 16.00 часот.