Македонија ја растури Русија, ќе се бори за петтото место


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија го одигра својот убедливо најдобар натпревар на Светското првенство за млади играчи кое се одржува во Алжир.

Нашите репрезентативци по втор пат ја совладаа селекцијата на Русија, овој пат со убедливи 36:27.

Избраниците на Илија Темелковски играа „како по ноти“ и во ниту еден момент од средбата не покажаа слабост, било да се работи за игра во напад или одбрана.

Како што одминуваше натпреварот предноста се повеќе растеше, а на десетина минути пред крајот разликата беше убедливи 12 голови.

Сепак до крајот Русите успеаја да ја намалат на девет гола и натпреварот заврши со конечни 36:27.

Одличен меѓу стативите беше голманот на Металург, Мартин Томовски кој ја направи разликата во првиот дел, додека најефикасен во нашиот тим беше Филип Кузмановски со седум постигнати погодоци.

Нашите репрезентативци во натпреварот за петтата позиција ќе играат против подобриот од дуелот помеѓу Тунис и Унгарија.