Унгарија славеше против Тунис и ќе игра со нас за петтото место


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младата репрезентација на Унгарија ќе биде последниот противник на Македонија на Светското првенство во Алжир откако славеше против Тунис со 34:30.

Унгарија и Македонија утре ќе се сретнат во натпреварот за петтата позиција на Мундијалот во Алжир.

Унгарците ја имаа контролата на играта во текот на целиот натпревар освен во последните десетина минути кога Тунис успеа да израмни и да го однесе натпреварот во неизвесна завршница.

Матијас Ѓер со седум голови и Лигетвари со шест беа најефикасни во редовите на Унгарија на овој натпревар.