Драгарски го менува Бојовиќ во Пелистер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Христијан Драгарски го официјализираше договорот со  Пелистер и во следната една година ќе биде дел од битолскиот клуб.

Драгарски одреден период тренираше со Пелистер, а одигра и неколку пријателски натпревари за клубот.

Фудбалерот се враќа во својот матичен клуб по четири години интернационална кариера и треба да претставува замена за Раденко Бојовиќ кој имаше тешка повреда на коленото.

Драгарски во кариерата покрај за Пелистер настапувал и за Конкордија од Романија и Радник Сурдулица од Србија.