Галинари удри играч и го пропушта ЕвроБаскетот! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот играч на Денвер Нагетс, италијанското крило Данило Галинари месецов потпиша тригодишен договор вреден 65 милиони долари со тимот на Лос Анџелес Клиперс. И веднаш го “фати” клетвата на Клиперси!

 

Галинари играше на пријателски натпревар за репрезентацијата на Италија кога во една битка под кошот со противничкиот играч, Данило замавна кон него, го погоди во лицето и се здоби со скршеница на дланката.

 

На сличен комичен начин лани дланката ја скрши и неговиот нов колега во тимот од Лос Анџелес, Блејк Грифин.

 

Според податоците кои стигнаа од медицинскиот тим, Данило Галинари има мала скршеница на дланката за која нема да биде потребна операција. Сепак, ќе биде приморан да го пропушти ЕвроБаскетот.