Спортинг притиска за Ристовски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пишува најугледниот португалски медиум „Рекорд“ од таборот на Спортинг Лисабон се во интензивни преговори со Риека за трансфер на нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски.

Според весникот лично претседателот на клубот, Бруно де Карваљо притискал за трансферот да биде завршен.

Стефан Ристовски силно се поврзуваше со трансфер во редовите на турските клубови Бурсаспор и Басакшехир, но веројатно негова следна дестинација ќе биде Португалија.