Официјално: Матиќ нов фудбалер на Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Конечно е ставен крај на сагата околу трансферот на Немања Матиќ во редовите на Манчестер Јунајтед.

Српскиот интернационалец и официјално стави потпис на тригодишен договор со „Црвените Ѓаволи“, а на „Олд Трафорд“ доаѓа за сума од околу 40 милиони фунти.

„Пресреќен сум што се приклучувам на Манчестер Јунајтед. Да се работи повторно со Жозе Мурињо беше можност која не можев да ја одбијам. Со нетрпение очекувам да се приклучам на моите нови соиграчи и да почнам да тренирам со нив. Ова е многу возбудлив период за клубот а јас со нетрпение очекувам да играм важна улога во креирање на повеќе историја за овој голем клуб“– коментираше Матиќ по потпишувањето на договорот.

Жозе Мурињо истакна дека Манчестер Јунајтед во Матиќ добил играч кој претставува се што на клубот му треба.

„Немања е фудбалер на Манчестер Јунајтед и играч на Жозе Мурињо. Тој претставува се што сакаме во еден фудбалер, лојалност, конзистентност, амбиција и тимска игра. Би сакал да му се заблагодарам затоа што имаше голема желба за да ни се приклучи, затоа што без тоа би било невозможно да го имаме овде. Сигурен сум дека нашите играчи и фанови ќе го сакаат. Големо добредојде за нашиот нов број 31.“- истакна Жозе Мурињо.