Репрезентативецот на Исланд Арнасон: „Роналдо после мечот покажа дека е лузер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа храбрата репрезентација на Исланд освои бод против фаворизираната Португалија во својот прв меч на големите натпреварувања.

После мечот, најдобриот фудбалер на Европското првенство Кристијано Роналдо одби да го размени дресот со фудбалерот на Исланд Биркир Бјарнасон, па поради тоа се најде на удар критиките.

Еден од тие кој го искоментира тој потег на Роналдо е фудбалерот на Исланд Кари Арнасон.

„Тоа е послатко после ремито да се види дека Роналдо е таков лузер. Едноставно, тој потег доволно зборува за него, тоа нас ни кажува дека Лео Меси е многу подобар играч, но и човек. Може тој да каже што сака, но синоќа не покажа апсолутно ништо“, рече Арнасон.