Конте: Мората не е доволно фит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот напаѓач на Челси, Алваро Мората се уште не го достигнал фитнес нивото кое го бара менаџерот, Антонио Конте.

Конте смета дека Мората мора брзо да го подобри својот фитнес и потврди дека Мората можеби нема да биде во првиот дел против Арсенал во Комјунити Шилд натпреварот кој се игра на „Вембли“ во сабота.

„Мората само што почна да тренира со нас. Тој мора многу да ја подобри својата кондиција и брзо да се адаптира на нашиот тим. Тој работи добро, но поминаа само пет дена. Денес тој тренираше добро, но со сигурност мора да се подобри во иднина.“- коментираше Конте.

Мората е рекордно засилување за Челси откако за 70 милиони фунти пристигна од редовите на Реал Мадрид.