Ѓорѓиоси: Горд сум со организацијата на Супер Купот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само една недела не дели од најголемиот спортски настан во историјата на Република Македонија.

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат 8. август и историскиот натпревар помеѓу фудбалските гиганти, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски вели дека очекува фудбалски спектакл кој долго ќе се прерсакажува:

„Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија навистина сум горд што успеавме во спроведувањето на активностите за организација на УЕФА Супер Купот– Скопје 2017. Напорно работевме изминативе две години и сметам дека заедно со останатите вклучени во организацијата, Градот Скопје и Владата на Р. Македонија успешно го комплетиравме овој проект, чија што реализација останува. Особено ми е драго што токму Фудбалската федерација на Македонија со добиената доверба од УЕФА за организација на Супер Куп натпреварот стана еден од најголемите амбасадори на нашата земја, промотор на фер-игра, на социјално и општествено вклучување, промотор на позитивни вредности во нашето општество. Финалето во Скопје е настан кој ќе биде голем дополнителен импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот. Иднината е во младите фудбалски таленти. Како за потсетување над пет илјади дечиња од седум различни региони на Македонија се дел од детската лига во организација на ФФМ. Како Федерација со сите сили и средства ќе се трудите и понатаму што повеќе деца да се приврзат со спортот и фудбалот“- вели Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Скопје е првиот град во регионот кој добива организација на вакво престижно фудбалско натпреварување. УЕФА Супер Куп натпреварот од Националната „Филип Втори“ арена во Скопје ќе се пренесува во живо во 216 земји (49 во Европа и 167 низ светот), а над 280 ТВ станици ќе го пренесуваат пред ТВ аудиториум од неколку милијарди луѓе. Илчо Ѓорѓиоски заедно со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ќе го доделат пехарот на победниците.