Меси на Инстаграм се збогува со Нејмар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако стана очигледно дека Нејмар ќе го напушти Ноу Камп, неговиот колега Лионел Меси се упати кон социјалните мрежи за да се збогува со бразилскиот ас.

 

Аргентинската фудбалска ѕвезда објави видео на кое може да се видат заеднички моменти од двајцата фудбалери во дресот на Барселона. Под видеото тој напиша:

“Ми беше огромно задоволство да ги споделам сите овие години со тебе, пријателе. Ти посакувам многу среќа во следната фаза во твојот живот. Се гледаме наскоро. Многу љубов.”

Спектакуларниот трансфер на Нејмар во ПСЖ треба да се официјализира во скоро време и се очекува да чини 222 милиони евра, односно толку колку што изнесува откупната клаузула во неговиот договор.