Меси се збогува со Нејмар на Инстаграм


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе е јасно дека бразилскиот интернационалец Нејмар ќе ги напушти редовите на Барселона и за неверојатна сума од 222 милиони евра ќе се пресели во ПСЖ.

Преговорите траеја одреден период, а Нејмар се одлучил да ја напушти Каталонија не поради повеќето пари кои би ги заработувал во ПСЖ туку за да излезе од сенката на Меси  кој е главна ѕвезда во Барселона.

Дека Нејмар си заминува потврди и самиот Меси кој на Инстаграм напиша порака со која се збогува со Бразилецот.

„Неверојатна чест беше да се поминат овие години со тебе Нејмар. Ти посакувам среќа во новиот предизвик во твојот живот“- напиша  Меси на својот инстаграм профил.