Мурињо и Анчелоти едногласни, Нејмар вреди 200 милиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерите на Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, Жозе Мурињо и Карло Анчелоти сметаат дека Нејмар вреди 222 милиони евра, сума која ПСЖ ќе ја исплати на Барселона.

„Мислам дека 220 милиони евра во овој момент е цената на еден од најдобрите играчи на светот“- кратко прокоментира Анчелоти кој две години беше предводник на ПСЖ.

Жозе Мурињо пак даде подолг одговор сметајќи дека сега цените на нешто послабите играчи ќе скокнат на 60, 70 па и 80 милиони евра.

Мурињо уште минатата сезона кога во редовите на Манчестер Јунајтед за рекордна сума од 89 милиони фунти пристигна Погба, предвиде дека оваа цифра наскоро ќе биде „евтина“ за фудбалските клубови.

„За 200 милиони не мислам дека е скап. Мислам дека скап е фактот што ќе имаме повеќе играчи од 100 милиони, 80 и 60 милиони евра. Мислам дека тоа е проблем. Нејмар е еден од најдобрите играчи на светот, маркетиншки тој е многу силен и сигурно ПСЖ го купи поради тоа. Мислам дека проблемот не е Нејмар туку последиците кои ќе настанат по овој трансфер“- заклучи Мурињо.