Шкендија убедлива против Тракаи за плеј-оф во Лигата на Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Шкендија го повтори минатогодишниот успех успевајќи да се пласира во плеј-офот од Лигата на Европа.

Избраниците на Ќатип Османи на убедлив начин го совладаа литванскиот претставник Тракаи со 3:0 и со тоа ја анулираа негативата која ја имаа од првиот натпревар (2:1).

Тетовчани имаа контрола врз топката во текот на целиот натпревар и беа далеку подобар противник од гостинскиот тим.

Бесарт Ибраими го отвори резултатот во 29. минута од натпреварот со фантастичен гол од триесетина метри. Уште поубав погодок постигна Ферхан Хасани во 42. минута кога од слободен удар го матираше гостинскиот голман.

Со овој резултат се замина на пауза, а избраниците на Османи продолжија во исто темпо и во вториот дел.

Конечниот резултат го постигна Хасани на две минути до крајот на средбата.