Тричковски и Мојсов со АЕК во плеј-офот од Лига Европа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонските репрезентативци Иван Тричковски и Даниел Мојсов со својот клуб АЕЛ Ларнака обезбедија пласман во плеј-офот од Лигата на Европа откако беа поуспешни во двомечот од Динамо Минск.

Во возвратниот натпревар кој се одигра во Белорусија тимот на нашите репрезентативци ремизираше со 1:1, а тоа беше доволно за следната, финална фаза од квалификациите по победата во првиот натпревар од 2:0.

Мојсов ги одигра сите 90 минути од натпреварот, додека Тричковски ја напушти играта во 83 минута, а на негово место влезе Муриљо.

Токму Тричковски во 47 минута стартуваше несмасно и направи пенал кој домашниот тим на Динамо Минск успеа да го реализира.

Конечниот резултат го постави Акоран во 93 минута од натпреварот.