Видеотон приреди сензација, Ц. Звезда и Динамо Загреб во плеј-офот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Видеотон приреди вистинска сензација со елиминиацијата на Бордо од третото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Унгарскиот претставник беше апсолутен аутсајдер на двомечот против Бордо меѓутоа успеа да слави на домашен терен со 1:0 и поради голот постигнат во гости кога загубија со 2:1 се пласираа во плеј-офот. Голот вреден плеј-оф го постигна Стоипра во петтата минута од судиското продолжение.

Црвена Звезда славеше и на гостувањето во Прага против Спарта и покажа дека победата во Белград не била случајна. Голот за „црвено белите“ го постигна Ричмонд Боачи во 19 минута откако беше прекрасно проигран од Славољуб Срниќ.

Динамо Загреб ремизираше на гостувањето во Норвешка кај Од со 0:0 и успеа да се пласира во плеј-офот поради победата која што ја оствари на домашен терен.

Зенит беше изненадувачки поразен на домашен терен од израелскиот претставник Јехуда, но по победата во првиот натпревар од 2:0 успеа да обезбеди пласман во последниот филтер од квалификациите во Лигата на Европа.