ОФИЦИЈАЛНО: Крај на сагата, Нејмар најскап фудбалер во историјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ПСЖ штотуку официјално го потврди трансферот на Нејмар кој за рекордна сума на пари доаѓа од редовите на Барселона.

Французите на каталонскиот клуб ќе им исплатат неверојатни 222 милиони фунти, а Бразилецот е и повеќе од двојно поскап од досегашниот најскап фудбалер, Пол Погба кој минатата сезона за 104 милиони евра потпиша со Манчестер Јунајтед.

Нејмар со ПСЖ потпиша петгодишен договор кој ќе му истече во јуни, 2022 година.

„Неверојатно сум среќен што се приклучив на Пари Сен Жермен. Откако пристигнав во Европа клубот беше еден од најдобрите со најголеми амбиции. Најголемиот предизвик кој ме мотивираше да се приклучам на моите нови соиграчи е да помогнам на клубот да ги освои сите трофеи кои ги сака. Амбицијата на ПСЖ ме привлече во клубот. Играв четири сезони во Европа и мислам дека сега е време за нов предизвик. Од денес ќе сторам се што можам да им помогнам на моите нови соиграчи, да отворам нови хоризонти за мојот клуб и да донесам среќа на милионите фанови ширум светот“- коментираше Нејмар по потпишувањето на договорот.

Нејмар во редовите на Пари Сен Жермен ќе го носи дресот со број 10.