Ајакс и Фенер можни противници на Вардар, новиот Милан на Шкендија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со почеток во 13:00 часот во седиштето на УЕФА во Нион ќе биде извршена ждрепката за плеј-офот во Лигата на Европа.

УЕФА веќе го стесни изборот и ги одреди можните противници на нашите претставници Вардар и Шкендија.

И двата наши клубови може да донесат многу звучни имиња од светскиот фудбал во Скопје, а најпознат тим секако е Милан кој е можен ривал на Шкендија.

Вардар може да игра против Ајакс, Макаби Тел Авив, Фенербахче, Лудогорец, Бате Борисов, Динамо Загреб.

Шкендија пак на мегдан во плеј офот може да оди со Милан, Клуб Бриж, Динамо Киев, Красондар и Австрија Виена.