Не можеше потешко, гигантите Милан и Фенербахче на мегдан со Шкендија и Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашите претставници во квалификациите од Лигата на Европа, Вардар и Шкендија ги добија своите противници во плеј-офот.

И Шкендија и Вардар добија феноменални противници. Тетовците ќе играат со гигантот на европскиот фудбал, Милан, додека пак Вардар ќе оди на мегдан со турскиот великан, Фенербахче.

Првите натпревари на програмата се на 17 август додека реванш средбите се една недела подоцна на 24 август.

Осијек на македонските интернационалци Ејупи и Петровиќ ќе игра против Австрија Виена, додека Судува каде што настапува Алтипармаковски ќе се сретне со Лудогорец.

Тимот на репрезентативците Тричковски и Мојсов, АЕК Ларнака ќе игра против Плзен, а Домжале ќе игра против Марсеј.