ОФИЦИЈАЛНО: Бадштубер потпиша за Штутгарт


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Утрово стана официјална веста дека Холгер Бадштубер не е повеќе играч на Баерн Минхен откако неговиот договор со шампионот истече претходниот месец. Тој денеска потпиша со ВФБ Штутгарт, откако претходно ги помина медицинските прегледи.

Кога се појави на сцената како 18-годишник, Холгер Бадштубер беше сметан за следната голема германска ѕвезда. Импресивните настапи на почетокот на неговата кариера за Баерн Минхен му обезбедија место во тимот на Минхен кој ја освои Лигата на Шампионите во 2013 година. Но оттогаш работите тргнаа на лошо и Бадштубер почна да се повредува сѐ почесто, па така ретко добиваше минутажа во дресот на “баварците”.

Минатата сезона ја помина како во Шалке како позајмен играч но и таму имаше само 10 натпревари како стартер.

Сепак, тој доаѓа како квалитетно засилување за тимот на Штутгарт затоа што ќе им понуди искуство од играње во Бундес Лигата, нешто што малкумина од моменталниот состав на тимот го поседуваат.

 

Холгер Бадштубер има 28 години и е повремен репрезентативец на Германија. За германскиот состав има одиграно 31 натпревар, додека во Бундес Лигата има забележано 129 настапи комбинирано за Баерн Минхен и Шалке.