Ерменецот Погосјан нов фудбалер на Работнички


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Работнички го потврди трансферот на ерменскиот повремен репрезентативец, Вардан Погосјан кој во редовите на „Ронамтичарите“ пристигнува од Пјуник.

25 годишниот напаѓач со клубот од Дебар Маало потпиша едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен на уште една сезона. Погосјан веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот на Работнички, Виктор Треневски.

Погосјан има три настапи за ерменската репрезентација, а минатата сезона бил капитен на Пјуник и на 32 натпревари постигнал шест погодоци.