Стигна и официјална потврда, Ристовски е пред трансфер во Спортинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стефан Ристовски речиси сигурно ќе го напушти тимот на Риека и ќе се пресели во Спортинг од Лисабон.

Трансферот се уште не е официјален, но се очекува да се потврди до крајот на денот, а најдоцна до утре.

Ваквата информација ја пренесе „Радио Риека“, а претседателот на клубот од Рујевица во интервју за медиумот ја потврди информацијата: „Да вистина е, Ристовски е пред заминување а се ќе биде готово кога ќе е подготвена целата документација.“- коментираше Дамир Мишковиќ.

Мишковиќ истакна дека заминувањето е на барање на самиот Ристовски и дека ова било доста изненадувачко за сите во клубот пред нивниот историски натпревар против Олимпијакос во плеј-офот од Лигата на Шампионите.

„Ристовски не сакаше да го продолжи договорот. Ние двајца многу разговаравме последниот месец, но тој остана на своето. Следното лето станува слободен играч, а оваа зима би можел да преговара со заинтересираните клубови и да си замине без оштета“- изјави претседателот на Риека.

Мишковиќ исто така потврди дека побарале од двете страни Ристовски да остане уште 15тина дена во Риека, но тоа го одбиле и од Спортинг Лисабон, но и самиот Ристовски.