Кога ќе ја обојат Ајфеловата Кула со твоето име, е тогаш си успеал…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Нејмар беше официјално претставен од Парис Сент Жермен синоќа. Французите рекордно го платија крилниот играч, но се очекува тој таму да стане легенда и да ги оправда вложените средства.

Неговиот трансфер ќе се памети уште долго  во историјата на фудбалот, затоа што е надмината секоја граница и е светски рекорд кога е во прашање парите кои ПСЖ ги плати, 199 милиони евра на Барселона.

Барселона долго инсистираше дека играчот не е на продажба и потенцираа дека е невозможно да се оствари ова замислено сценарио на ПСЖ, но францускиот клуб на крајот успеа во својата намера да ја доведе довчерашната ѕвезда на Барселона.

Синоќа во Париз името на Нејмар беше претставено на најмасовниот објект во градот симболот на Франција, Ајфеловата кула.