Арсенал го освои Комјунити шилд трофејот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимот на Арсенал по изведувањето на пеналите славеше над Челси и со тоа го освои првиот трофеј во сезоната, Комјунити шилд.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник (1:1), а по изведувањето на пеналите, по новиот АББА систем поуспешни беа „топчиите“ со 4:1.

Екипата на Челси прва дојде до водство на самиот старт на второто полувреме откако Виктор Мозес од непосредна близина го совлада Петр Чех.

Новото засилување на Арсенал, Сеад Колашинац го изедначи резултатот во 82. минута по нафрлената топка од Гранит Џака. Претходно Педро несмасно стартуваше врз Елнени и доби директен црвен картон.

Во пенал рулетот за избраниците на Конте не успеаја да реализираат Тибо Куртоа и новото засилување Алваро Мората, додека кај Арсенал сите изведувачи беа прецизни.

Се на се видовме убава увертира пред новата сезона во Премиер Лигата која започнува следната недела.